Македонија поскоро да ги заштити традиционалните производи, апелираат експертите

Скопје, 16 април 2017 (МИА) - Долга е листата на производи, земјоделски и прехранбени, што Македонија може да ги заштити како традиционални. Кумановски суџук, Македонски колбас, Беровско сирење, Галички кашкавал, Бучимски кромид, Везени пиперки, Дојранска маслинка, Поточна пастрмка, Преспанска белвица, Матеница, Попара, Макало, Бабури со лук, Ќофтиња од икра, Струмичка мастика, Велешки пинџур, Салата од суви пиперки, Јагула на жар печена во пепел, Крап во тепсија, се само некои од нив.

Според проф. д-р Владимир Какуринов, ако Македонија сака да ги заштити своите традиционални производи, тоа треба да го стори час поскоро со оглед дека другите земји не чекаат и се многу ажурни на ова поле. Посебно интересна е Бугарија на чија листа за заштита се лутеницата и тиквеникот, производи кои ние ги сметаме за наши, македонски.

Од овие причини мора веднаш да се почне со работа и да се заштитат македонските традиционални производи, наведува професорот во Прирачникот за заштита на традиционални производи што го изготви како придонес кон руралниот развој.

Какуринов посочува табели на производи кои земјава може да ги заштити како ГТП - гарантирана традиционална посебност. Тие се поделени во категории на месни, сирења, јајца, мед, овошје, зеленчук, житарки, риби, ракови,..., свежи или преработени.

Меѓу производите за заштита се Македонски тенок колбас, Штипски колбас, Македонски колбас, Овчеполски колбас, Беровско сирење, Биено сирење, Галички кашкавал, Галичко сирење, Осоговски кашкавал, Трничко сирење, Шарски кашкавал, Ајвар, Беровски грав, Бабури со лук, Бучимски кромид, Везени пиперки, Велешки пинџур, Дојранска маслинка, Лутеница, Макало, Македонска салата, Охридска цреша, Пинџур, Солен пекмез, Тетовски грав, Тетовско јаболко, Вардарска вретенушка, Вардарски клен, Дојранска белвица, Дојранска перкија, Дојранска писа, Дојранска црвеноперка, Зимска пастрмка, Источна мренка,...

Од кондиторските, лебот, колачите, слатките, бисквитите, во табелите се наведени Горичка торта, Ирмици, Леб наутка, Охридска торта, Охридски ѓеврек, Селски леб, Сусамчиња, додека во групата тестенини: Бакардан, Валангии, Влашки тиганици, Зелник, Јуфки, Кравајче, Македонска погача, Македонска слатка пита,...

Во категоријата супи и чорби професорот ги сугерира: Супа од езерски риби, Шарпланинска јагнешка и Шкембе чорба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...