Се работи на расветлување на убиството на малолетникот на Матка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредби за спроведување истражна постапка против две 19-годишни лица, осомничени за вчерашниот кривично-правен настан на скопска Матка, во кој при тепачка беше убиено едно малолетно лице.

- Едното лице е осомничено за сторено кривично дело – Убиство, од член 123 од Кривичниот законик, додека второто е осомничено за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 од Кривичниот законик. Двете лица се лишени од слобода и против првото до судија на претходна постапка ќе биде поднесен Предлог за определување мерка притвор, додека за второто лице ќе бидат предложени мерки за претпазливост, соопшти Основното јавно обвинителство.

Во исто време, додава ОЈО, надлежниот јавен обвинител работи на целосно расветлување на мотивите за кривично-правниот настан, во кој освен убиеното момче, било повредено уште едно лице во блиско крвно сродство со убиениот. За таа цел издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, наредби за ДНК-анализа, како и наредби за вештачење на сите траги и предмети пронајдени на местото на настанот, а кои се во врска со кривично-правниот настан.

- Освен двете осомничени лица, обвинителот сослуша и други три лица испитувајќи ги околностите во кои се случил настанот, наведува ОЈО во соопштението



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...