УХМР најави нов влажен и студен воздушен бран од среда

Скопје, 17 април 2017 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата.
Локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во вечрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.
Ветерот ќе го промени правецот во северозападен и во четврток и петок ќе дува со засилен интензитет. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.
- Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела, соопшти УХМР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...