Жбогар: Неопходно е единство и формирање на институциите

Неготино, 19 април 2017 (МИА) - Неопходно е единство и формирање на институциите во вашата земја, порача шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе", која има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што и ја дава Европската унија на Македонија.
- Секогаш постои вистинско време за многу прашања. Имаше време кое беше одредено за избори и време кое беше оделено за дискуси и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите, рече Жбогар, запрашан како ја коментира актуелната политичка ситуација во Македонија.
Тој додаде дека е дојдено времето кога сите во државата треба да ја научат лекцијата дека е време да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел.
- Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.
Евроамбасадорот во Неготино се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и ги посети проектите финансирани од ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...