Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Скопје, 19 април 2017 (МИА) - По дополнително преземени мерки и дејствија како и обезбедени докази во случајот на затајување во НЛБ Тутунска банка, Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе писмено известување за лицата Г.С.(43) брат на првопријавениот Б.С., за Е.П.(24) вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ Тутунска Банка и за Б.М.(38) пријател на првопријавениот, сите од Скопје.
За нив, информира МВР, постојат основи на сомнение дека извршиле кривично дело „затајување“ в.в. „помагање“, со што на првопријавениот Б.С. директно му помогнале во извршувањето на кривичното дело со кое противправно се стекнал со имотна корист од 2,4 милиони швајцарски франци и 645.000 евра.
- На 4 април годинава Б.С. околу 17 часот на шалтерот на кој работела пријавената Е.П. се информирал за курсот на еврата и швајцарските франци, со образложение дека некој негов пријател сакал да направи конверзија на евра во швајцарски франци, но наводно не знаел кога би ја извршил конверзијата. После половина час, првопријавениот Б.С. заедно со неговиот брат Г.С. пристапиле кон шалтерот при што од страна на Г.С. на пријавената Е.П. и биле предадени 95.000 евра заедно со негова лична карта, за преку неговата трансакциска сметка да изврши конверзија во швајцарски франци. Откако вработената ја направила потребната нарачка со електронски налог до трезорот, Б.С. и кажал дека парите лично ќе ги земе од трезорот без да ги пушти по воздушната цевка како што била процедурата. Од страна на Г.С. биле потпишани сите потребни документи за паричните средства, а Е.П. ги задржала 95.000 евра во благајна, по што по завршување на смената заради обезбедените банкарски исправи, уредно попишани дека извршила конверзија, немала кусок на благајната, ниту пак имала вишок парични средства, соопшти МВР.
Од извршениот увид во снимките од видео надзорот во банката, констатирано е дека додека Г.С. е на шалтерот на банката и се врши наводната конверзија, а кога на смена во трезорот е и неговиот брат пријавениот Б.С. од трезорот ниту се изнесуваат 100.000 швајцарски франци ниту, пак, Е.П. му исплаќа пари на Г.С. Всушност на овој начин е овозможено затворање на претходно настанатиот кусок од 100.000 швајцарски франци во трезорот направен од првопријавениот (првиот затаен износ од авионската пратка од вкупно 1.000.000 швајцарски франци).
На 7 април годинава во попладневните часови додека Е.П. била на смена повторно постапувајки по упатства на Б.С. преку системот на достава од трезорот кога тој бил на смена, примила парични средства во апоени од по 500 и 100 евра, вкупно 375.000 евра, за кои таа без да подготви било каков банкарски документ за потреба од вакви парични средства во благајната и без да биде изготвен документ за исплаќање на парите од трезорот, на рака му ги предала на Б.С. по што тој овие парични средства ги присвоил за себе и се одалечил од екпозитурата на банката.
На 10 април годинава, Б.С. откако противправно присвоил уште 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра од девизниот трезор и овие пари ги ставил во украсна ќеса околу 13 часот незабележан од никого ја напуштил банката.
- По напуштањето на банката, ќесата со парите му ја предал на неговиот брат Г.С., кој пак му ги предал на третопријавениот Б.М. Наредниот ден после 14 часот на ГП „Табановце“ со моторно возило „Фолксваген Голф“ ја напуштил територијата на Република Македонија. Во текот на вчерашниот ден Б.М. беше лишен од слобода и е изведен пред судија на претходна постапка, прецизира МВР.
Од страна на СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал во координација со Основното јавно обвинителство во Скопје и понатаму се преземаат мерки за целосно расветлување на кривично правниот настан, за утврдување на кој начин од банката Б.С. изнел дополнително уште 300.000 швајцарски франци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...