Засилен ветер и локални поројни врнежи во Македонија

Скопје, 19 април 2017 (МИА) - Во Македонија во моментов времето е облачно со повремени врнежи од дожд, а локално има поројни врнежи. Во централниот дел на Повардарието и на југозападот од земјава дува засилен ветер од јужен правец. Во северните делови ветерот попладнево се смени во северозападен и повремено се засилува.
Од УХМР информираат дека доцна попладнево и во вечерните часови пообилни врнежи се очекуваат во северните и во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој постепено до крајот на денот насекаде ќе се смени во западен и северозападен. Во ноќните часови под влијание на студен атмосферски фронт проследен со спуштање на студен воздух од север ќе настапи нагло заладување, а на планините врнежите ќе преминат во снег, но ќе слабеат и престануваат.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава на моменти со брзина и над 90 км/час. Дневната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Дневната температура дополнително ќе се намали и ќе достигне од 6 до 13 степени.
Значително ќе опадне и утринската температура, особено за време на викендот кога ќе дојде до разведрување и намалување на брзината ветерот, па минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...