Средба на претседателот на СДСМ Заев со италијанскиот амбасадор Ромео

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, при што, соопштува СДСМ, е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.
- Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија, рекол Заев, се вели во соопштението.
Според Заев, постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани, програма на нова реформска влада на унитарна Македонија и никој нема право да ги запре демократските промени.
Нагласена е, се вели во соопштението, потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговарало за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси, при што Заев потенцирал дека нема да дозволат последици на штета на граѓаните и на државата за интереси на поединци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...