Повреден пешак во сообраќајка во Тетово

Тетово, 23 април 2017 (МИА) - Момче на возраст од 17 години од гостиварското село Ѓурѓевиште се здобило со скршеница на клучната коска откако минатата ноќ врз него додека одел пешки налетало и го удрило возило „Смарт“ управувано од С.Ш.(22) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Сообраќајната несреќа се случила минатата ноќ десеттина минути по полноќ на булеварот „Илинденска во Тетово“. Повредениот пешак со друго возило веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница каде било утврдено дека има скршеница на клучната коска и по укажаната лекарска помош тој бил задржан за натамошно лекување.
Во несреќата „Смартот“ удрил и во пракиран „Опел Вектра“, сопственост на М.Ј. (32) од Тетово.
Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за сообраќајкта е пребрзо возење, а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради сообраќајна незгода на патниот правец Струмица – ГП Ново Село, сообраќајот е во прекин од 45 минути по...
Верски календар
Кирил и Методиј. Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане...
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...