ВМРО-ДПМНЕ: Заев е директен виновник за развиореното знамето на голема Албанија во ЧаирСкопје, 23 април 2017 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини претседателот на СДСМ Зоран Заев дека е, како што велат, директен виновник на избливи на шовинизам и иридентизам, кои ја поткопуваат македонската државност -По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, денеска на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија. Заев е директен виновник на избливи на шовинизам и иридентизам, кои ја поткопуваат македонската државност, се наведува во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат Заев дали е задоволен од постигнатиот резултат на своето делување.
|