Годишен состанок за набљудување на судски постапкиСкопје, 24 април 2017 (МИА) – Од денеска до среда во Скопје ќе се одржи годишниот состанок за следење на судски процеси организиран од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Правници од седум мисии на ОБСЕ и претставници на 29 невладини организации од регионот на ОБСЕ ќе разменат искуства и ќе дискутираат за предизвиците поврзани со следењето на високо профилирани судски предмети и предмети во кои се инволвирани ранливи групи како што се малолетници и етнички малцинства.
|