СДСМ: Парламентарното мнозинство е должно да ја реализира мнозинската волја

Скопје, 24 април (МИА) - СДСМ денеска соопшти дека „парламентарното мнозинство од 67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани, ќе одговори на својата должност и ќе ги спречи огромните штети врз граѓанските и државните интереси“.

Според СДСМ, „парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах“.

- Чекорите што се преземаат се внимателни бидејќи од другата страна има нерационални луѓе кои за своите интереси се подготвени да ги жртвуваат граѓаните и државните интереси. Во периодот што следи, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избран новиот претседaтел на Собранието кој ќе ги закаже локалните избори и ќе отвори пат за формирање на новата реформска влада, се вели во соопштението од СДСМ.

Ако продолжат блокадите, стои во соопштението, за три недели следува тотална блокада на државниот систем. На 15 мај престануваат сите надлежности на градоначалниците и советите во општините.Нови локални избори може да распише само новиот претседател на Собранието чијшто избор го блокираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

Додава дека за три недели ако не се одблокира демократскиот процес, граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош, социјално загрозените лица без субвенциите за комунални трошоци, а без плата ќе вработните во општините, во училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...