ДОМ: Ревизија и на рудниците во Валандово и Струмичко

Скопје, 24 април 2017 (МИА) - ДОМ соопшти дека по референдумот во Гевгелија на кој граѓаните се изјаснија против изградба на рудник на Кожуф, морална обврска е и на други институции на локално и национално ниво да направат ревизија на досегашните планови за развој на рударство во овој крај.
- Ова е сериозна обврска за државата во целост да направи ревизија на долгорочните стратегии за економски развој, во кои треба да се отстранат загадувачките индустрии или да се прилагодат еколошки кон стандардите за здраво живеење. Треба да се подложат на ревизија студиите за оценка на влијание врз животната средина за отворање рудник за бакар Казандол, валандовско, како и рудник за злато Иловица, струмичко, се вели во соопштението од ДОМ.
Додаваат дека државата мора максимално да се посвети и да вложи во зелена економија и чисти технологии, кои, како што потенцираат, ќе отворат илјадници нови зелени работни места.
- Органско производство, туризам, онбовливи енергии, енергетска ефикасност, третман на отпадот, обезбедување чист воздух, води и почви, како и паметни технологии, тоа е здравата иднина на Македонија, истакнуваат од ДОМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...