Шилегов: Парламентарното мнозинство многу бргу ќе ја преземе одговорноста

Скопје, 24 април 2017 (МИА) - Промени ќе има многу бргу, во многу брза иднина, а парламентарното мнозинство ќе ја преземе одговорноста, изјави денеска пратеникот и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, не откривајќи го начинот и терминот кога ќе биде избран претседател на Собранието, а потоа и новата влада.
- Дозволете дека нема да можеме јавно и транспаретно да го соопштиме начинот и терминот, рече Шилегов додавајќи дека заради комплексноста на состојбата СДСМ сама ќе процени за терминот. Овој процес, како што кажа, мора да биде изведен до крај мирно и интерес е на Република Македонија да има мирен трансфер на власта.
Шилегов тврди дека постапката за избор на нова влада ќе биде деблокирана и побара одговорност од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од претседавачот на Парламентот и од претседателот на државата.
- Одговорност за ваквото поведение надвор од политичката, мора да има и за Никола Груевски, како нарачател, и за Трајко Вељаноски и Ѓорги Иванов, како извршители на таквата нарачка. Се доведува во прашање и иднината на државата, изјави Шилегов. Смета дека т.н. тиранска платформа е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и оти позади неа стои обид да се избегне одговорност за сторените криминали.
Како одговор на барањето на пратеникот Крсто Мукоски за лидерска средба, Шилегов праша со кого СДСМ би имала лидерска средба и што би разговарале. Имавме избори, потсети тој, а резултатите од нив никој не ги оспори вклучително и ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов во изјавата потврди дека Управата за јавни приходи (УЈП) ги истражува неговите сметки и сметките на неговото семејство.
- Мене ми е во принцип нејасно зошто тоа го бараат од 2012 година бидејќи јас сум должен согласно Законот за спречување на корупцијата да дадам одговори пред институциите од моментот кога сум станал под нивна ингеренција, а тоа е април 2014. Можат да се враќаат наназад колку сакаат. Мојата имотна состојба и состојбата на моето семејство е транспаретна, јавна...Ова е деветта или десетта истрага за моето семејство, рече Шилегов.
Според Шилегов, поскандалозно е што после сите објавени скандали и проектот „Вистината за Македонија“, антикорупциска поведува истрага за опозиционер. Многу бргу, рече портпаролот на СДСМ, „Македонија ќе има права антикорупциска комисија која ќе ги истражува вистинските скандали и проневери направени од носителите на власта во изминатите години“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...