Моника Нелческа - најдобар студент оратор на Битолскиот универзитет

Битола, 24 април 2017 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска ги почна неколкудневните програмски активности посветени на денот на своето формирање - 25 април.
Традиционално, во пресрет на универзитетскиот роденден, на Педагошкиот факултет се одржа студентски натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“, на кој годинава учествуваа 17 студенти. Првото место го освои студентката Моника Нелческа.
- Конкуренцијата беше голема, а првото место заслужено и припадна на Моника Нелческа, студентка на Педагошкиот факултет во Битола. Стручното жири предводено од профсорката д-р Оливера Костоска одлучи второто место да и го додели на Лина Димоска од Економскиот факултет во Прилеп, а Симона Видановска, студентка на Правниот факултет во Битола, го освои третото место. Трите заедно ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар во ораторство кој на 5 мај ќе се одржи на УКИМ во Скопје, истакна Елизабета Атанасоска од Секторот за односи со јавност во Ректоратот на УКЛО-Битола.
Свеченостите по повод денот на основањето на УКЛО-Битола продолжуваат утре со промоција на Фондацијата „Тома Фила“ која во иднина ќе го стипендира најдобриот студент од Правниот факултет при УКЛО, а ќе завршат во среда со промоција на доктори на науки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...