Андреас Елснер – нов Главен извршен директор на Македонски Телеком

Андреас Елснер стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 мај 2017 година.

Г. Елснер доаѓа во Македонски Телеком во 2014 година, на чело на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е Главен оперативен директор за приватни корисници, каде имаше клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.

Во неговата шестнаесетгодишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и Македонија. Неговото портфолио вклучува национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.

Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал. Дипломирал Маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.

Андреас Елснер го замени Андреас Маиерхофер, кој беше назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска на 1 април, 2017 година



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...