СДСМ: Нови избори ќе нема, ќе има нова влада

СДСМ попладнево преку соопштение истакнува дека нови парламентарни избори нема да има и оти ќе биде избран нов претседател на Собранието кој ќе отвори пат за избор на новата влада.
- Тоа е волјата на 700.000 граѓани преточена во новото парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници, наведува СДСМ, додавајќи дека предвремените избори му се потребни само на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за да ја продолжи политичката криза преку која бара спас од одговорноста за направениот криминал.
СДСМ наведува дека не постои никаква платформа туку има програма на новата реформска влада и во неа нема промена на химната, знамето, грбот, банкнотите, името, ниту штети врз македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија.
- Еве ја содржината на Програмата, јавно достапна http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=7681&lng=1. Предврмените избори му се потребни единствено на Груевски, за да ја продолжи политичката криза преку што гледа спас од одговорноста за народниот грабеж. Нема да има нови избори. Ќе има нови вработувања, за 100 пати поголема државна поддршка за домашните фирми, реални странски инвестиции, живот за сите, правда, единство, стабилност, евро-атлантска иднина на Македонија што ќе ги обезбеди новата реформска влада на граѓаните на унитарна Македонија, стои во соопштението на СДСМ. бак/са/15:31
###

Предврмените избори му се потребни единствено на Груевски, за да ја продолжи политичката криза преку што гледа спас од одговорноста за народниот грабеж. Нема да има нови избори.
Ќе има нови вработувања, за 100 пати поголема државна поддршка за домашните фирми, реални странски инвестиции, живот за сите, правда, единство, стабилност, евро-атлантска иднина на Македонија што ќе ги обезбеди новата реформска Влада на граѓаните на унитарна Македонија.
Груевски мора да престане да го уценува трансферот на власта со насилие и да ја прифати реалноста. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...