Дебата за Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје и права 2010-2020

Скопје, 26 април 2017 (МИА) - Да се преземат тематски мерки со цел до крајот на 2020 година да се рестартира и искористи Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 година, како и да се донесат Акциски план и буџет во кој ќе се вклучат невладините организации како имплементатори и систем за мониторинг и евалуација.
Ова денеска го побараа од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници на презентацијата и јавната дебата „Влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 година кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници“.
Драшко Костовски, програмски директор на ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување, рече дека мерките кои треба да се преземат опфаќаат воведување сеопфатно сексуално образование, обезбедување пристап до орална контрацепција, законот за абортус да се повлече во делот на рестриктивните мерки, обезбедување пристап до гинеколошки услуги на целата територија на Република Македонија и спроведување кампањи...
- После шест години се навративме да видиме колку Стратегијата е имплементирана особено во делот на маргинализираните заедници. Увидовме дека многу работи не се направени. Она што го правеше Владата и одговорните министерства во изминатиот период е против принципите, вредности и мерките на оваа Стратегија, рече Костовски.
Нагласи дека позитивниот момент е тоа што Министерството за здравство почнува да работи за развој на Акцискиот план за овој преостанат период од имплементацијата на Стратегијата и додаде дека очекуваат да ги видат мерките и дали за тоа ќе има буџет.
Сања Саздовска, национален координатор за репродуктивно здравје од Министерството за здравство, рече дека во проценката на постоечката Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје биле применети начелата на човекови права и родова еднаквост за да се оцени ефектот на политиките, програмите, проектите врз родовата еднаквост, јакнење на жените и човековите права.
- Маргинализираните групи често се предмет на повеќе форми на дискриминација и важно е да се разбере како тие форми се испресекуваат и им негираат тие права. Се направи Акциски план до 2020 година за сексуално и репродуктивно здравје. Сакаме овој Акциски план да биде оперативен, кој ќе биде во согласност со целите за одржлив развој и сите други интервенции кои се потребни за да профункционира. Крајната цел е тој да биде остварлив и одржлив и Стратегијата да не биде заборавена, додаде Саздовска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...