ЗНМ и ЕФЈ против законска регулација на порталите и медиумските содржини

Скопје, 26 април 2017 (МИА) - Собранието на Здружението на новинари на Македонија се изјасни против законска регулација на интернет порталите и медиумските содржини бидејќи повеќе закони значи помала слобода за медиумите, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Рикардо Гутиерез.
- Негативните појави во медиумите како говорот на омраза не се резултат на немање закони, туку поради одбивањето на институциите да ги применат истите. ЗНМ ја одбива идејата за регулација на медиумските содржини и секој професионален новинар треба да одбие државата да ја оценува неговата работа како новинар. Новинарската етика се решава со саморегулаторни механизми, изјави Селмани.
Селмани, исто така, посочи дека бројот на нападите врз новинарите минатата година е зголемен и ги повика институциите да ги казнат насилниците.
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, изрази загриженост поради анти-медиумската реторика на македонските политичари и посочи дека тие имаат јасна одговорност за неодамнешните напади врз новинари во Македонија.
- Ги следиме сите случаи на притворени новинари во Европа и Македонија, за жал, е една од петте земји каде има вакви случаи. Тоа се Турција, Азербејџан, Црна Гора, Русија и Македонија, изјави Гутиерез.
Во однос на ризикот од ново регулирање на медиумската содржина, Гутиерез, рече дека таа во Македонија е веќе законски регулирана.
- Според нас, во Македонија нема потреба од нови закони за регулирање на медиумите, и сметаме дека прекумерното регулирање ќе биде спортивно на ЕУ стандардите, изјави Гутиерез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...