Промовирана книгата „Совети и раскази од Кекавман“ од Јован Белчовски

Скопје, 26 април 2017 (МИА) - Книгата „Совети и раскази од Кекавмен“ од проф. д-р Јован Белчовски, издание на „Македоника литера“, денеска беше промовирана во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Изданието ги содржи: оригиналната верзија на книгата од византискиот период „Совети и раскази“ од Кекавмен, преводот на проф. д-р Јован Белчовски и студијата на проф. д-р Белчовски во која пишува за општествено-политичка констелација кога е создадена книгата, за авторот, за неговите користени извори, за содржината на ракописот на Кекавмен, како и за неговите истражувачи. Ова е прва презентација на ова познато дело на Кекавмен на македонски јазик.
Книгата ја промовираа архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и проф. д-р Ратомир Гроздановски.
- Книгата „Совети и раскази од Кекавмен“ е пишувана во втората половина на 11 век, од 1075 до 1078 година. Таа не е обично историско дело туку претствува извор за историјата на македонскиот и балканските народи и простори во 10 и 11 век, рече г.г. Стефан.
Според него, кога се чита трудот се стекнува впечаток дека се е толку обично и едноствно, како што е едноставен и смирен неговиот автор. Неговата величина, како што рече, е по тоа што изнесените морални аспекти и норми важеле, важат и ќе важат дури постои светот.
- Го препорачуваме овој труд зашто во многу може да ни биде од полза и во ова наше време и за оваа наша генерација. Мудрите и моралните поуки и совети немаат време на траење. Тие се засекогаш, за секаде и за секого, истакна г.г. Стефан.
Професорот Гроздановски потенцира дека Јован Белчовски бил негов класен раководител и одличен педагог, предавач, едукатор, кој сериозно се занимавал со наука.
- Книгата е значајна за нас Македонците и треба да му благодариме на професорот Белчовски што ја имаме на македонски јазик. Посочувам три докази. Најпрво таа е значаен извор за историјата, изобилува со историски податоци, факти, важни за нас Македонците, за Македонија, како и сведоштва за состојбите на нашите простори. Во книгата се пишува за цар Самоил и за неговото освојување на Лариса и Тесалија, како и за востанието на Петар Делјан, рече Гроздановски. Како трет арагумент е тоа што нејзиниот автор Кекавмен е воен стратег кој дејствувал и работел на границата со Македонија. Тој бил Еременец по татко, а Македонец по мајка.
Авторот Јован Белчовски е пензиониран професор и поранешен декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Докторирал на тема за историјата на Охридската архиепископија од нејзиното основање до паѓањето на Македонија под турска власт. Автор е на триесетина трудови од историјата на Охридската архиепископија и на православното христијанство.
Тој информира дека овој труд го почнал во 1978, а го завршил во 2010 година бидејќи на него работел повремено.
- Книгата е важна како извор за византологијата и за христијанството и за христијаните. Во книгата има совети како да се одгледуваат деца, каков да биде ставот кон сопругата, има религија, обичаи... или тоа е слика на целокупниот живот во 10 и 11 век, потенцира Белчовски.
На промоцијата присуствуваа академици, универзитетски професори, отци...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...