„Шумата на моето дрво“ - премиера во Велешкиот театар

Велес, 26 април 2017 (МИА) - На Малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Шумата на моето дрво“ во режија и продукција на Александар Ивановски. Текстот го напиша Сашо Димоски, а изведувач на звукот во живо е Сашко Костов.
Во претставата игра Васил Зафирчев кој денеска на прес-конференција рече дека станува збор за експериментален проект со две линии на истражување.
- Првата линија на истражување е на просторот и звукот преку авторската музика на Сашко Костов користејќи при тоа импровизирани инструменти од рециклирани материјали. Во втората линија јас се занимавам со физичкиот театар и притоа се обидов да ги истражувам видливите и невидливи граници на телото и кризата на телото која произлегува од кризата на духот. Овој проект го планиравме уште одамна, но дури сега почувствувавме дека е вистинско време да го реализираме, појасни Зафирчев.
Додаде дека главната тема на која е изградено драмското дејство е идентитетот на бегалецот и неговите својства.
- Поаѓајќи од шумата како личен лавиринт од кој излезот е неможен во зададеното тело, бегалецот одново го измислува сопствениот идентитет: посакуван и невозможен едновремено, полезен и фатален, посакан и неостварлив. Кокетирајќи со сите чинители на идентитетот, претставата го преиспитува концептот за дом, туѓина. Другиот, маргината, периферијата и сродните антагонистички термини, појасни Зафирчев.
Режисерот и продуцент Александар Ивановски соопшти дека ова е прв проект на независната театарска продукција „Северно од Импакт“, во копродукција со Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.
Сашко Костов, кој во претставата ќе произведува звук во живо, истакна дека си поставил две задачи од кои првата била да создава музика од рециклирани – отпадни материјали.
- Како второ, подолго време се занимавам со уметност која се занимава со имитација и доловување на звуците кои секојдневно ги слушаме во природата, како на пример чекорењето и газањето на листовите, игра со вода, со песок и многу други работи. Ова е многу важно за мене бидејќи создавање музика на неконвенционални инструменти ме тера да истражувам и да созревам многу повеќе како композитор на музика за театарска претстава, рече Костов на прес-конференцијата.
Зафирчев додаде дека Костов не е само изведувач на музиката, туку и актер на целата структура на претставата,
- Двајца изведувачи – перформери на целосно различен начин ја искажуваат приказната на шумата, едниот на звукот, а другиот на телото, рече Васил Зафирчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...