Во Крива Паланка промовирана брошура „Чекор по чекор до органско производство“

Крива Паланка, 26 април 2017 (МИА) - Граѓанскиот центар за одржлив развој (ЕГРИ) од Крива Паланка денеска презентираше брошура насловена „Чекор по чекор до органско производство“ изработена во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“.
„ЕГРИ“ е носител на проектот за развој на органско производство на подрачјето на Североисточниот плански регион и Ќустендилската област. Се спроведува во соработка со здружението „НИЕ – Независни, иновативни, единствени“ од Ќустендил со финансии од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
- Покрај брошурата која ги содржи сите етапи на органско производство до пакување, изработивме и т.н буквар „А, Б, В“ за органско производство, кој ги опфаќа сите основни чекори за премин од традиционално во органско производство на храна и сертифицирање, согласно сите ЕУ-регулативи и прописи. Букварот ќе биде тријазичен, изготвувањето е во финална фаза, а се работи на преводот- информира Андриана Ивановска-Давитковска, проект-менаџер.
Направени се и посети и презентации во Бугарија, во Ќустендил, Сепарева Бања и Невестино, како и во Македонија, во Ранковце, Крива Паланка и Куманово.
- На овие настани преку промотивен материјал и информативни сесии локалното население беше запознаено со проектот, со цел да се пријават потенцијални кандидати за обуки кои ќе се одржат во претстојните месеци. Една обука ќе опфати тема-од идеја до реализација, со обуки за ЕУ фондови, постоечки национални фондови и проекти за бизнис планови, а другата „од нула до органско производство и сертификација“. Партнер-здружението „НИЕ“ ќе направи педолошко истражување во двата региона, додаде Ивановска-Давитковска.
Во наредниот период, како што најави, ќе посетатат земјоделци од двете подрачја на постоечки фарми и капацитети за огранско одгледување стока и живина, како и за органско производство на храна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...