Работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ на Скопскиот филмски фестивал

Скопје, 27 април 2017 (МИА) - Во рамки на Скопје филм фестивал денеска работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево. Работилницата се состои од три сегменти: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен дел и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор.
Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај останатите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други. Автор е на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.
Тузлиќ е претседател за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на НВО Pixela.ba од Сараево за аудиовизуелни комуникациски вештини. Косoпственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во БиХ, која има свои подружници во три земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...