Промовирано бугарското издание на „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.

Скопје, 27 април 2017 (МИА) - Министерство за култура на Бугарија вчеравечер беше организатор и домаќин на промоцијата на бугарското издание на книгата „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.
Пред многубројни љубители на културата и претставници од дипломатскиот кор, за книгата и авторот зборуваа Марјан Ѓорчев, амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Дејана Данаилова од Министерството за култура на Република Бугарија и Пламен Тотев, во име на бугарското книгоиздателството „Изида".

Ова е едно од ретките дела посветени на културната дипломатија, една од поновите и најатрактивни области од дипломатијата, со која преку културни содржини и програми, државите и нивните дипломатии упатуваат пораки за своите системи од вредности, идеи, ставови, претстави, начини и култури на живеење. Меѓу првите и сеопфатни идстражувања во научната мисла на оваа тема се поместени токму во оваа книга, која на македонскиот книжевен пазар се појави во 2014 година.
Авторот на книгата Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а овој проект беше поддржан и помогнат од македонското Министерство за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...