Заев побара да се гласа за претседател, за Вељаноски тоа е кршење на Деловникот (ДПЛ)

Скопје, 27 април 2017 (МИА) - Почитување на Деловникот со поминување на следната точка од дневниот ред - избор на претседател на Собранието, побара на денешното 20-то продолжение лидерот на СДСМ Зоран Заев од претседавачот Трајко Вељаноски.
- Парламентарното мнозинство оформено овде и декалрирано овде ве моли да прекинете да го кршите членот 89 по Деловникот на Собранието на РМ, да прекинете да го кршите членот 90, 91, да го искористите членот 68 и да продолжите седницата после 18 часот. Буквално парламентарното мнозинство ве моли да прекинете да го кршите членот 78, рече Заев. Посочи дека ова е конститутивна седница на која претседавачот и пратениците имаат за цел на најбрз и најефикасен начин да изберат претседател на Собранието РМ и да завршат со конституирањето на седницата на Парламентот.
Потренцира дека од вкупно 120 пратеници, парламентарното мнозинство има 69 пратеници и оти тие, како што рече, буквално молат да заврши процедурата час поскоро со избор на претседател на Собранието на РМ. - Шеесет и два пратеника со својот потпис стојат зад колегата Талат Џафери да биде избран за претседеател на Собранието на РМ, рече Заев.
- Ве молам најучтиво немојте да го кршите Деловникот, законот и Уставот на РМ. Овде постои декларирано и оформено мнозинство, Тоа мнозинство тоа нема да ви го дозволи. Ова мнозинство овде ја завршува мислата. Ова мнозинство овде има право и обврска да избере претседател на Собранието од своите редови и за тоа ќе носи одлука. Ќе носи одлука во оваа сала, ќе носи одлука во некоја од другите сали во Собранието, во ходникот, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, ќе носи одлуки, посочи Заев.
Претседавачот Трајко Вељаноски истакна дека не може да го прекрши Деловникот и оти доколку го прифати барањето на Оливер Спасовски за преминување на четвртата точка ќе биде кршење на Деловникот.
- Да се откажете од деба на трета точка и да преминеме на четвртата се оди спротивно на Деловникот и демократската пракса да се дебатира за некоја точка. Она што можам е да ги замолам пратениците да се откажат од реплики и збор за да може да преминеме на следната точка. Но не може да ме натера некој да го кршам деловникот. Девет години го применувам и многу добро го знам, одговори Вељаноски.
Според него грешката е направена на 30 декември кога конститутивната седница почна и не заврши. - Започнатата седница не заврши затоа што клегите од ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, сите три пратенички групации бараа конститутивната седница да се прекине на втората точка, дури и третата точка да не продолжи на 30 декември, затоа што им беше потребно парламентарно мнозинство, кое се оформи по 3 месеци. Јас сум крв или вие. После 3 месеци побаравте да продолжи конститувината седница и сега ви текна и за локални и за субвенции, рече Вељаноски.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се до Заев го замоли да не се обидува да го одземе основното право на пратениците на говор, затоа што тоа значи одземање на говорот на народот кој гласа.
Тој порача да не се обидуваат да направат државен удар и да не мислите дека избор на претседател надвор од процедурите е нешто што ќе напрви добро за оваа држава.
Потенцира дека треба многу разум, многу трпение и ширење на погледите. не може во ден кога еден од вашите најавени коалициски партнери дека услов е редефенирање на идентитетот вие да го сторите тоа.
Неговиот сопартиец Антонио Милошоски потенцира дека замолчувањето на пратеник значи замолчување на народот и порача на пратениците од СДСМ да не прават чекори кои можат дополнително да ја втурнат државата во поглеми ризици со несогледливи последици.
Зоран Илиески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека барањето на пратениците од СДСМ да се прекине расправата за изборот на Комисијата за прашања на избор е директно кршење на Деловникот.
- Член 80 став 2, претресот таре додека не се исрпи листата на пријавени за збор секој друг обид да се прекрши овој член е прекршување на Деловникот за работа на Собранието и газење на волјата на гласачите, рече Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Истакна дека никој нема право да му го одземе правото на збор во Собранието и побара пратеникот Заев да даде одговор за документот со барањата на албанските партии со што, посочи ќе се расчистеле сите дилеми.
Петре Шилегов од СДСМ побара од Вељаноски да дозволи да заврши конститутивната седница за да може Република Македонија да оди напред.
Стефан Богоев побара од колегите да се одблокира Собранието во име на земјоделците, стечајците, социјалните случаи, вработените во јавната админситрација, пензионерите...
- Ве повикувам веднаш дајте да го одблокираме ова Собрание, да обезбедиме субвенции за земјоделците, стабилни плати за административците, пензии, дајте да го запреме егзодусот на млади што се случува во овие моменти, рече Богоев.
Стриктна примена на Деловникот побара и Томислав Тунтев кој рече дека нема ништо да се промени во државата и дека ништо не е во опасност.
Оливер Спасовски од СДСМ потенцираше дека Собранието се узурпира и не се дозволува избор на негов претседател заради непочитување на член 95 од Деловникот. Најголемиот дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, посочи, вршат класична злоупотреба и се зборува за се и сешто.
За државата и демократијата се потребни институции, а не блокада и уривање на институциите, рече Спасовски, дополнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на голема демократија и оти и сега е истиот Деловник со кој, како што рече, во 2012 година ги исфрлиле пратениците од СДСМ и новинарите од Собранието со полиција.
Пратениците ќе ја продолжат седницата по редновната едночасовна пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...