Нападнати новинари и вработена во Собранието

Скопје, 28 април 2017 (МИА) - Двајца новинари и една вработена во Собранието на Република Македонија пријавиле во полиција дека биле физички нападнати од непознати лица во синоќешните настани во Законодавниот дом.
Како што соопшти денеска МВР, синоќа во 21:45 часот во ЕИК Скопје Т.Д.(37) од Скопје, новинар во новинската агенција „Мета“ пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот во прес салата во Собранието на Република Македонија, додека фотографирал со неговиот приватен мобилен телефон, од страна на пет непознати лица му било извршено разбојништво.
Најпрво му пришло едно лице и му се заканило дека физички ќе го нападне доколку не престане да снима со мобилниот телефон. Потоа му се придружиле уште четири лица кои физички го нападнале, удирајќи со клоци и тупаници во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето. Едно од лицата му го одзело телефонот и продолжиле да го удираат. Од страна на непознато лице бил извлечен во бифето и изнесен надвор од Собранието.
Во ЕИК Скопје изутринава во 01:50 часот новинарката Г.С.З. од радиото „Слободна Европа“ пријавила дека синоќа околу 19:40 часот, пред главниот влез на Собранието на Република Македонија, додека извршувала работни задачи, лицето Е.Ј. од Крива Паланка од раката насилно и ја одзело и скршило службената камера. Додека си ја барала камерата, од страна на толпата била удрена во пределот на грбот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Синоќа во 23:05 часот во ЕИК Скопје, Ј.Ш.Л. (63) од Скопје, вработена во Собранието на Република Македонија пријавила дека дента околу 18:30 часот во нејзината работна канцеларија била физички нападната од непознати маскирани лица.
Додека извршувала службени задачи, Ј.Ш.Л се здобила со повеќе удари во пределот на телото. Била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови. При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...