МВР: Приведени осум лица за настаните во и околу Собранието

Скопје, 28 април 2017 (МИА) - Полицијата за синоќешните настани во и околу Собранието привела осум лица кои се задржани во Полициската станица во Гази Баба. Обезбеден е и видео материјал од Собранието со цел идентификација на лицата што ги нападнаа пратениците, новинарите и други лица во собраниската зграда и се преземаат сите мерки за расчистување на овие настани, соопшти денеска на прес-конференција во МВР помошник министерот за внатрешни работи Јордан Ламаноски.
Осумдесет и три лица побарале медицинска помош во Ургентниот центар, во Градската општа болница „8 Септември“ и во Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Повредени биле 25 полицајци, 54 граѓани, тројца пратеници, како и еден новинар. Од таму најавија дополнителни информации во текот на овој ден.
Ламаноски, како и претходно министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, повтори дека во истрагата за сите случувања во и околу Собранието од синоќа е вклучена и внатрешната контрола на МВР која треба да утврди дали се вистинити информациите дека дел од полицајците не ги извршувале своите професионални задачи.
Настаните според МВР почнале вчера околу 19 часот кога поголема група граѓани влегоа во Собранието и физички биле нападнати повеќе лица, меѓу кои и пратеници. Собранието, според Ламаноски, било испразнето околу 22 часот и 30 минути. Според проценките на полицијата во и околу Собранието синоќа имало околу 5.000 граѓани, а 40 минути по полноќ пред зградата на Законодавниот дом останале приближно околу илјада граѓани и биле поставени пет шатори.
Појасни дека за полицијата проблем за безбедно извлекување на повредените лица била поголемата маса народ пред и во објектот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...