Заев не оди на лидерска кај Иванов, очекува мандат за влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес-конференција рече дека „по изборот на претседател на Собранието ќе продолжат демократските процеси и оти Македонија ќе има влада“.

- Тоа што најмалку го очекувам е предавање на кабинетот на новиот претседател на Собранието на РМ, испраќањето писмо до Ѓорге Иванов во рок од десет дена, а се надевам во рок од два-три дена да биде доделен мандатот за формирање влада, да се стават институциите под контрола и Македонија да тргне напред, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, во сила е одлуката која е донесена во Собранието, 67 од 120 пратеници учествувале во процедурата, а 61 гласале за Џафери, кој јавно ја дал изјавата и процедурата била соопштена согласно Деловник. - Апсолутно не очекувам никакви пречки на примопредавањето на водењето на Парламентот од претседавачот Трајко Вељановски на претседателот на Собранието Талат Џафери, наведе Заев.

Тој рече дека апсолутно не размислува да оди на лидерска средба кај претседателот на државата затоа што, како што потенцира, Ѓорге Иванов е дел од кризата и не може да биде решение.

Вчерашниот напад врз него и останатите пратеници и новинари во Собранието ги квалификува како обид за убиство по план и добра умисла. - Верувам дека дел од маскираните лица беа полицајци, дел бандити, но истрагата тоа ќе го покаже да не прејудицираме и верувам дека нема никој да остане трајно скриен зад својата маска, рече Заев, посочувајќи дека очекува оставка од директорот на БЈБ Митко Чавков, како и истрага од Јавното обвинителство за организиран криминал кое според него имало многу докази.

Упати јавна благодарност до пратеникот Влатко Ѓорчев за помошта на пратениците.

- Насилството што се случи вчера не е демократска вредност и е поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељановски, Митко Чавков и група нивни соработници, рече Заев.

Во периодот што следи, додаде, мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и како држава и да застанеме зад вистинските демократски вредности и да не потпаднеме под провокациите кои имаат цел поделба, раздор и изолација на Македонија.

- Мудро ги водевме процесите. Направен е првиот чекор кон нивна реализација, истакна претседателот на СДСМ. Заедно сме, потенцира, и граѓаните, и САД, ЕУ, НАТО - целата меѓународна заедница, во нас го гледаат моторот на мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на Република Македонија и на регионот.

Сега, рече Заев, треба да демонстрираме свест и совест, сите да останеме присебни и разумни, апелирајќи до сите вработени во институциите да ја извршуваат својата улога согласно Устав и законските надлежности.

Прашан за отсуството на Али Ахмети во Собранието, Заев одговори дека тоа било осмислено и со причина.

- Причината претпоставувам дека самите можете да ја извлечете со анализа. Тоа беше координирано и договорено, со намера да не биде присутен таму, рече Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...