ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото насилство резултира со физичко насилство

 Реализирањето на тиранската платформа не носи добро никому, а газењето на Уставот, законите и деловникот е директно газење на државата и поредокот, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.

- Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните кои ги гласале. Политичкото насилство кое го спроведе СДС може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше директна провокација кон Македонскиот народ, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „ваквото сценарио на СДС да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата. Единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат Македонскиот идентитет и суверенитет“.

- Ваквиот срамен однос на сервилната и уценета криминогена структура на СДС го поттикнува гневот и ги иритира граѓаните на оваа земја кои не се согласуваат со плановите за нејзино редефинирање и разнебитување. Вчерашниот политички криминал од страна на СДС беше огромен чекор назад за демократијата во земјава. Благодарение на интервенцијата на полицијата, не дојде до поголема ескалација и посериозни последици. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди!, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...