Привршуваат градежните работи на регионалниот пат Делчево - Берово

Делчево, 29 април 2017 (МИА) - До крајот на мај треба да завршат градежните работи на регионалниот пат Делчево - Берово кај делчевското село Град, каде што се работи на подобрување на свлечиштето кое со години беше црна точка на оваа делница од патот.
Според информациите од одговорните лица од изведувачот ГД „Гранит“, со интервенцијата се врши стабилизација на постојниот труп на патот на длабочина од два метра, се изработува нова дренажа со должина од 230 метри покрај левиот труп на патот со што подезмните води се носат до нов армирано бетонски цевчест пропуст, насипување со дробен камен по што ќе следува асфалтирање. Исто така, со изработка на бетонски отворен канал над дренажата, на левата страна од патот ќе се прифаќаат и површинските води, а по целата должина од 230 метри од двете страни ќе се монтира еластично-одбојна ограда за заштита на каналот и поголема безбедност во сообраќајот.
Проектот е вреден 17 милиони денари, средства обезбедени преку Светската банка, а инвеститор е ЈП за државни патишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...