Игуменот Кипријан Слепченски канонизиран за нов светител

Демир Хисар, 30 април 2017 (МИА) - Во манастирот Св. Јован Претеча во демирхисарското село Слепче, денеска за нов светец беше канонизиран Св. Кипријан Слепченски, со што започнаа свечените активности за одбележување на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Со службата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ - ОА, како и архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната црква.

- Се поклонуваме пред големата, пред незаменливата жртва што може да ја направи еден човек на Земјата. Денешниот славеник Кипријан, но и други што ги спомнува светата црква се сведоштво за тоа и ние треба да благодариме на Бога што и од нашата земја и од нашиот род, и по нашата земја и меѓу нашиот род живееле такви личности кои своите животи ги дале за вечниот живот, истакна, меѓудругото, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.




За време на литургијата митрополитот на Повардарската епархија Агатангел повика на единство и на сплотување на македонскиот народ.

- Ве моли Црквата да се соединиме и заеднички да настапиме и злото кое е навлезено во Црквата и во државата да го тргнеме, порача владиката Агатангел.

Ги повика посетителите и граѓаните да дојдат во Слепченскиот манастир да ги видат и да се поклонат пред моштите и на иконата на Св. Кипријан Слепченски.

Митрополитот на Преспанско-пелагониската епархија Петар, пак, зборуваше за жените мироносици и светите жени заслужни за православната вера и црква, посочувајќи дека во Македонија жените се тие што одиграле важна улога во одржување на православната вера.

- Во времето на комунизмот многумина велеа црквата наша не е машка, женска е зашто жените тогаш ја одржаа нашата вера. И сега е така, имаме повеќе жени, монахињи отколку што имаме во црквата мажи, рече владиката Петар.

Во чест на Светиот, во манастирската црква „Св. Јован Претеча“, беше поставен камен темелник на нов конак со параклис, а црковни песни пееја црковните хорови „Св. Агатангел Битолски“, „Св. Нектариј Битолски“ и „Св. Ахил Преспански“.

Свети Кипријан Слепченски, маченички пострадал во 1780 година кога на Велики четврток бил нападнат манастирот. Според богослужбени текстови тој бил горен со оган кој бил запален од манастирските свеќи, се со цел бавно да страда, за на тој начин да се поколеба во верата и да се откаже од Христа. Свети Кипријан покажал цврста вера и натчовечко трпение, и како што е опеано во богослужбата, ни најмалку не се поколебал во верата ниту кога бил удиран од мачителите, ниту, кога бил горен од пламенот на свеќите. Сето тоа смело го поднел, знаејќи дека за привремените страдања на небесата го очекува вечен и нераспадлив светителски венец.

МПЦ-ОА во рамките на свеченостите посветени на јубилејот 50 години афтокефалност, покрај денешната канонизација на Игуменот Кипријан Слепченски, ќе приреди уште две канонизации, и тоа на епископот велички светиот Гаврил и на архимандритот Ракотински.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...