Поддршка за демократските процеси за формирање на влада

-Поддршка за продолжување на демократските процеси во Република Македонија, кои по кредибилните избори и изборот на нов собраниски претседател од редовите на парламентарното мнозинство, треба да резултираат со избор на нова влада, била изразена на средбата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, соопшти СДСМ.

- Новиот претседател на Собранието е избран законски и легитимно, согласно Деловникот, законите и Уставот. Продолжуваме да ги движиме процесите посветено и мудро и во следниот период ќе пристапиме кон формирање на новата реформска влада, рекол Заев на денешната средба во Собранието.

Заев најавил дека Иванов ќе добие известување од новиот собраниски претседател дека постои демократски формирано парламентарно мнозинство и оти ќе побара тој да постапи според уставната обврска да го даде мандатот за формирање влада. Исто така, како што стои нагласил, дека постои и Програма на новата реформска влада која гарантира унитарност на државата, почитување на Уставот, евроатлански перспективи на Македонија, што, се наведува, уште еднаш ќе му биде предочена.
- Со тоа се исцрпуваат неразумните барања од Иванов со коишто тој го условува давањето на мандатот. Парламентарното мнозинство има обврска да ја реализира мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на изборите и таа обврска ќе ја исполни, рекол Заев.

Нагласил дека новата влада е подготвена да соработува со идната опозиција во интерес на реформските процеси, и посочил дека во овој момент, според него, најважно е ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека е опозиција и да се прекинат тензиите.
На средбата, на која Ји бил придружуван од амбасадорот Џес Бејли, а од страна на СДСМ присуствувале и заменик претседателката Радмила Шекеринска и секретарот Оливер Спасовски, како што се наведува, заеднички било осудено насилството во Парламентот кога беа повредени пратеници, новинари, вработени во Парламентот и била констатирана потребата од разум кај сите, за овозможување мирен трансфер на власта.

Во соопштението се истакнува „потребата претседателите на сите политички партии и институциите да го сфатат својот дел од одговорноста и да дејствуваат во насока на поддршка на демократските процеси во Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...