СДСМ: Следува формирање влада, потребна зрелост од сите

СДСМ денеска соопшти дека е потребна зрелост од сите политички субјекти, институции, вработени и поединци, според законските обврски, личната одговорност и согласно државните интереси, да се овозможи формирање нова влада.

- Новата влада, исто како и новиот собраниски претседател, ќе биде избрана согласно Уставот, Деловникот и законите на Македонија, соопшти СДСМ.

Писмото од новиот собраниски претседател Талат Џафери до Ѓорге Иванов, се вели во соопштението, е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија.

Пораките од Брисел, наведува СДСМ, по посетата на Џафери се јасни, легитимно е избран и признаен новиот собраниски претседател, се чека во брзо време изборот на новата реформска Влада. Следува реафирмација на владината програма што ја штити унитарноста на државата и обезбедува правда и живот за сите граѓани, најавува СДСМ.

Партијата истакнува дека на Македонија и се потребни стабилност и реформи за да исчекори кон евроатлантските интеграции и да обезбеди квалитетен живот за граѓаните, што, посочува, е предвидено во програмата на новата реформска влада која што ја очекува и домашната јавност и Европската унија.

- Секое попречување на трансферот на власта и секое незаконско делување е казниво според постоечките закони, стои во соопштението од СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...