СДСМ: Истрага за „Диво насеље“ со меѓународна поддршка

СДСМ денеска во соопштение изрази почит за загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во оружената пресметка во кумановската „Дива населба“ на 9 мај 2015 година и порача дека случајот ќе биде расветлен на транспарентен, независен и професионален начин, со што, како што нагалсува, ќе се расчистат сите дилеми и шпекулации.

- Новата влада предводена од СДСМ, ќе се посвети на целосно расветлување на случајот и неговата позадина. Ќе биде побарана и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата. Никој нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози безбеденоста на државата, се вели во соопштението.

Според СДСМ, вистината за случувањата од 9-ти мај 2015 година во Куманово е должност кон семејствата на осумтемина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови и кон сите граѓани на Република Македонија.

- СДСМ изразува почит кон загинатите бранители и кон сите граѓани на Куманово и на Македонија кои не дозволија провокациите од каков и да е мотив, да ја нарушат стабилноста на државата, се вели во соопштението и се истакнува дека правдата мора да допре до извршителите, но и до иницијаторите и нарачателите на кумановските настани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...