Заев: Преземам одговорност Македонија да биде дел од Европа

Скопје, 9 мај 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќање по повод Денот против фашизмот и Денот на обединета Европа - 9. Мај, наведува дека презема одговорност со поддршка од граѓаните Македонија да биде дел од Европа.

- На чекор сме пред формирањето на новата демократска влада во Македонија и ви ветувам- со љубов кон Македонија градиме и ќе изградиме, европска Република Македонија, наведува Заев.

Според него, граѓаните на Македонија се обединети како никогаш досега во вредностите што го штитат човековото достоинство, гарантираат еднаквост пред законот и правда за сите и обезбедуваат економска стабилност на семејствата и безбедносна стабилност на државата. - Обединети сме во различностите.Македонции, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци. Политички определени и неопределени. Млади и стари. Работници и стопанственици..., наведува Заев.

Ја обезбедуваме, посочува претседателот на СДСМ, унитарноста, сувереноста и посебноста на Република Македонија.

Земјите како Македонија, потенцира Заев, се пример како секој има свое место во деморатските процеси што го обезбедуваат напредокот и прогресот. На Македонија, повеќе од кога било и е потребна Европа зашто ги повлекува граѓаните на нашата земја во еден просперитетен и надежен свет. Затоа почитувани граѓани мора да го искористиме овој момент, наведува Заев и порачува дека е неопходно секој да придонесе во изградбата на современа, демократска и европска Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...