ОЈО: Земени мостри за ДНК анализа од домот на починатата лекарка

Скопје, 10 мај 2017 (МИА) - Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека е извршен увид во станбен објект на ул. „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде што беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, и работи на утврдување на причините за нејзината смрт.
При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од самото место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти.
Основното јавно обвинителство – Скопје информира и дека во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...