Бесплатни обуки за претприемништво за млади до 29 години

Скопје, 15 мај 2017 (МИА) – Млади лица до 29-годишна возраст од денеска може да конкурираат на огласот за бесплатни обуки за претприемништво што го објави Агенцијата за вработување.
Обуките ќе траат до 1 декември и со нив е предвидено да бидат опфатени 950 лица.
Како што информира денеска на прес-конференција директорот н Агенцијата Влатко Поповски, станува збор за проект поддржан од ЕУ со 300 илјади евра. По обуките, младите ќе можат да изготват бизнис-план и со него да конкурираат за останатите мерки за вработување што ги нуди државата.
- Обуките ќе се спроведуваат од страна на консултантски компании на ниво на цела Македонија, а ќе траат по пет дена или вкупно 45 часа, но за да стартуваат неопходно е да се пријават најмалку 10 лица, истакна Поповски.
Оваа мерка, објасни директорот, порано беше во рамки на самовработувањето со грант, но сега се спроведува посебно со цел конкретна едукација и поголем поттик за претприемништвото.
Одговорајќи на новинарски прашања, Попоски истакна дека во првиот оглас за грант објавен во март годинава од пријавените 1.250, 440 биле лица до 29 години. Досега, 40 до 45 отсто од грантовите се доделени на млади лица што покажува голема заинтересираност, подвлече директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...