До 14 јуни отворен регионалниот конкурс за краток расказ на БиберСкопје, 15 мај 2017 (МИА) - Во тек е регионалниот конкурс за краток расказ на тема помирување, во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001. Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград. Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите се објавени на страницата на Бибер: biber.nenasilje.org. Организаторите ги повикуваат сите автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и на српски јазик да ги пратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори, но и на оние кои досега немаат објавувано. Конкурсот е отворен до 14 јуни 2017. Авторите на трите најдобри раскази ќе добијат парични награди. Во жирито се Татјана Громача, Фарук Шехиќ и Ким Мехмети.
|