Во езерото Калиманци акумулирани 78 милиони метри кубни вода

Кочани, 25 мај 2017 (МИА) - Врнежите од дожд кои во последните три дена ја зафатија источна Македонија иако не обилни, сепак, го зголемија нивото на водата во акумулацијата Калиманци. Од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани истакнуваат дека во перидот од 23 до 25 мај се потрошени 458 илјади метри кубни акумулирана вода.
Мерењата покажуваат дека средниот доток на вода изнесува 3,5 метри кубни во секунда, додека средниот истек на вода за полнење на нивите под ориз изнесува 6,4 метри кубни вода во секунда.

Иако нивото на акумулираната вода е намалено за 14 сантиметри, во акумулацијата Калиманци со денешниот датум има 78 милини и 926 илјади метри кубни вода, што е задоволителна количина ако се има предвид податокот дека пред месец дена наводнителната сезона започна со 75 милиони метри кубни акумулирана вода.

Од Водостопанство „Брегалница“ велат дека овие колични вода заедно со проточните води од Кочанска, Зрновска, Злетовска и реката Брегалница ќе бидат насочени за извршување на наводнителната сезона за површините под ориз кои со рестрикцијата поради сушата, се застапени на 2500 хектари во атарите на општините од регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...