Промовирана книгата „Превенција и репресија за казнените дела против јавниот ред и мир“ на Марјан Кицев

Кавадарци, 26 мај 2017 (МИА) - Книгата „Превенција и репресија за казнените дела против јавниот ред и мир“ на Марјан Кицев денеска беше промовирана во Кавадарци.
Марјан Кицев е роден 1975 година во Кавадарци, а делото е всушност негова докторска дисертација. Зборувајќи за него, директорката на библиотеката „Феткин" од Кавадарци Трајанка Атанасова, информираше дека авторот на книгата има 24 годишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Таа соопшти дека во трудот има компаративно искуство и емпириско истражување за состојбата во Република Македонија.
Професор доктор Александра Деановска Трендафилива како еден од рецензентите, рече дека дисертацијата претставува самостојно и корисно истражување на релевантна казненоправна проблематика, што претставува научен придонес во казненоправната наука.
- Свртувајќи го научниот интерес кон криминалот на загрозување на јавниот ред и мир дисертацијата завлегува во општествената сфера што има витално значење за мирот како една од највисоките правни вредности, општествениот ред и стабилноста на општествените односи, како основен предуслов за непречено уживање на основните човекови слободи и права, исполнување на правните должности и остварување на развојните општествени цели, рече Деановска Трендафилова.
Обраќајќи се кон присутните во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов -Климе“, авторот нагласи дека јавниот ред и мир е синоним за мир, сигурност и спокојство на заедницата.
- Одржувањето на редот и мирот е основната задача на секое општество што се остварува преку наметнување на прифатливи, односно на разумни ограничувања на поведението, со цел да се овозможат правда, вистина и општо добро во заедницата. Кои поведенија во општеството ќе бидат инкриминирани, зависи од дефинирањето на јавниот ред и мир, додаде Кицев.
Издавач на делото е кавадаречкиот културен дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...