ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по втор пат го понижи и деградира Собранието

Скопје, 30 мај 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ преку пишано соопштение истакнува дека Зоран Заев одлучи да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.
- Во вода паднаа најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија за само месец дена. СДС го погази Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Закон за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател, а сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа, се нагласува, претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.
- Изминативе 16 години, во Република Македонија се воспостави една демократска пракса каде се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на влада и закажување на собраниската седница. Ова е простор за јавна дебата и сериозна анализа на владината програма и предложените кандидати за министри. Ова е простор за подготовка на квалитетна дискусија. Како по обичај СДС и Заев оваа демократска пракса ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден, се вели во соопштението.
Се додава дека по сето тоа е јасно дека новата влада не е реформска, туку антиреформска.
- Граѓаните на Република Македонија уште еднаш го видоа вистинското лице на СДС. Тоа е лицето кое ветува најмногу 20 министри, а предлага владин кабинет од 26 функционери, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека ниедна лага не трае вечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...