ВМРО-ДПМНЕ: Новата Влада антиреформска

Скопје, 6 јуни 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение наведе дека „новата Влада не губи време да го оправда епитетот антиреформска“. Истакнуваат дека „првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та година бил законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДСМ во 2017-та година е рушење на нешто што е веќе изградено“.

- Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата „Кембриџ“ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим. Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите. Граѓаните се против антиреформи.

Тие очекуваат СДС да го исполни ветеното. Да не се реализира Тиранската Платформа и да се изградат нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а лекарите со право се надеваат дека час поскоро ќе добијат плати од 100.000 денари, кои СДС им ги вети, се вели во соопштението.

Граѓаните, додава, се во исчекување и на дополнителни 30.000 денари годишно, кои Заев ги ветуваше како поврат на 15 проценти од ДДВ. Граѓаните очекуваат отпочнување на преговори за членство во ЕУ и влез во НАТО без да се задира во македонскиот идентитет.

- СДС нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести да се обидува да го дефокусира вниманието од ветувањата кои ги даде, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се мудри и знаат што значи влада која работи за нивно добро. Граѓаните ја гледаат разликата, а ќе ја види и СДС на првите наредни избори, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...