Заев: Се надевам на брз прием на Македонија во НАТО, со соседите ќе градиме пријателски односи

Скопје, 6 јуни 2017 (МИА) - Премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ со уредници на медиуми вечерва изрази надеж дека Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името.

- Од тој аспект негувам надеж дека е можно можно Македонија во многу краток период да стане членка на НАТО под привремената референца, а ние со Грција барем да приближиме одредени ставови, да испратиме добри пораки, да ги потврдиме досегашните мерки на доверба кои ги почна претходната влада, а ние имаме намера да ги надоградиме. На тој начин да создадеме амбиент за Македонија барем делумно да биде одблокирана, изјави Заев.

Членството во Алијансата, вели Заев, е можно ако Грција го ослободи ветото. - Има два начина: решение на проблемот или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да ги продолжиме преговорите со Грција за проблемот што го има со нашетот уставно име заради наше интегрирање и во ЕУ, рече Заев.

Најави дека ќе побара помош и поддршка за членство на Македонија во НАТО од Грција, Бугарија и од Албанија како членка на Алијансата, како и од други земји.

- Немам проблем да ги замолам грчките граѓани да имаат разбирање за потребата Македонија да стане членка на НАТО затоа што секогаш имам разбирање и за нивните права или интереси кои ги крепат нивните позиции дека можат уште 35 пати да не блокираат во процесот знаејќи дека ние сме со комплетни аспирации за полноправно членство во НАТО и ЕУ, рече македонскиот премиер.

Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, според него, би значело стабилност и економска корист и за Грција како соседна земја.

Заев најави дека тој и новата Влада кон соседите ќе водат политика на пријателство без провокации и очекува на тоа позитивно да биде возвратено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...