Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО

Новоименуваниот министер за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Фајненшл Тајмс вели дека Македонија ја разгледува можноста да го смени името со цел да влезе во НАТО. Членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот, додал Димитров за британскиот весник, во пресрет на неговата посета на Брисел и Атина.

- Ќе ја прашаме Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ова ни се пружа историска можност, изјавил Димитров за Фајненшл Тајмс.

Според весникот, Владата во Грција смета дека новата македонска Влада е по-кооперативна од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и смета дека има надеж за оптимизам дека може да се разреши спорот, но во исто време Атина предупредува дека нема да и се брза да се постигне било каков договор.

- Спорот беше отворен пред повеќе од две децении и би било избрзано да даваме било какви прогнози, изјавил анонимен претставник на грчката Влада за Фајненшл Тајмс. Според весникот, додека беа во опозиција, Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА најавуваа дека ќе и дозволат на Македонија да се вика како сака, но по преземањето на власта во 2015 година партијата заземала далеку потврд став, делумно притисната од националистичкиот коалициски партнер АНЕЛ, а делумно од притаеното националистичко крило кое постои во самата СИРИЗА.

Димитров за Фајненшл Тајмс вели дека каков било договор за ново име за Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори. Според некои, неименувани аналитичари, договарањето на ново име за Македонија може да трае до една година.

- На многу делови од Балканот има луѓе кои сметаат дека има можност да се сменат пост-југословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот, изјавил Димитров.

Според Фајненшл Тајмс, причината што западните земји станале порешителни во плановите да се прими Македонија во НАТО е што Русија почнала погресивно да се меша на Балканот, пред се со обидот за државен удар во Црна Гора минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Една жена се жалела и му викала на мажот:
- Доста ми е веќе од се! Синоќа се врати вчера наутро! Ако и вечерва ее вратиш утре, немој денес воопшто да ми се враќаш!!!
Еден маж се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ: На 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во...
Верски календар
Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со...
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.