Хан: Не е доволно формирањето на новата Влада...

Брисел, 12 јуни 2017 (МИА) - Испорачување резултат во однос на исполнување на Итните реформски приоритети што Европската комисија и достави на Македонија пред две години е клучно за ЕК да ја одмрзне препораката за почеток на преговорите за челнство на земјата во Европската унија. Ова денеска на прес-конференција во Брисел, одржана еден час пред неговата средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го порача еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според Хан, сите во Брисел се посветени, заедно со колегите од Скопје на договорот од Пржино, а ова според него вклучува и фокус на имплементацијата на Итните реоформски приоритети, кој, како што вели, „се загуби меѓу останатото во Скопје поради дискусиите последните месеци по изборите и се што се случи претходно“.

- Но, сега, ова е клучен дел и ќе биде фокус на дискусијата што денеска ќе ја имам со Заев. Потребен е фокус на Итните реформски приоритети и објавувам дека експертот Рајнхард Прибе, кој оригинално седна со тим на луѓе и претходно го напиша т.н. „извештај на Прибе“, а кој е база за се, ќе го посети Скопје во јули за да почнат сите активности и иницијативи и Владата да биде поддржана.

Ова го велам бидејќи треба најпрво да се води одржлив чекор кон имплементацијата на Итните реформски приоритети, кои се клучни за добивање на позитивна препорака од наша страна. Само изборите и формирањето на Владата не е доволно да се добие препораката, потребни се и реформски напори и ова е нешто што може да се стори и да почне веднаш, а во есен ќе ја имаме првата оценка, порача Хан.

Запрашан за зголемените шпекулации во странската јавност дека е можен влез на Македонија како „ПЈРМ“ наскоро во НАТО и дали по тој пат може да се случи и почеток на пристапните преговори на земјата со Унијата, еврокомесарот за преговори за проширување, посочи дека не сака да шпекулира поради тоа што се уште е прерано.

- Но, ве уверувам дека ќе сториме се што можеме за ова прашање да се посвети на начин со тоа што ќе најдеме решение, за да почнеме преговори со цел Скопје да постигне потребен прогрес, што е важно за да се добие позитивна препорака од нас. Но, мислам дека ЕУ треба да ја научи исто така лекцијата и се надевам ќе најдеме решение барем за да почнеме со преговори. Одговорноста лежи кај одговорните луѓе во земјата.

Но, се разбира, ако политичката рамка или полтичката клима не беше погодна за отворање на преговорите, ова сигурно не помогна за стабилизирање на земјата и истата да ја задржиме на патот на кој беше 10-12 години претходно. Ако паметите, пред 12 години, ПЈР Македонија беше најдобар ученик во класот од регионот, што не е случај денес. Фактот дека имаше недостаток на конкретна перспкетива влијаеше на ситуацијата внатре во земјата и ова е поента што ја покренав и затоа мислам дека соседите треба да имаат интерес да придонесат, пред се во свој интерес на стабилност и вклучување на оваа земја во ЕУ во иднина, додаде Јоханес Хан.

Еврокомесарот беше прашан дали е свесен дека освен Грција, поради спорот за името што го наметна со Македонија, кочничар за напредок на македонските евро-атлантски интеграции е и Бугарија, источен сосед на земјата и што новата македонска Влада може да стори за разрешување на разликите со оваа држава?

- Во однос на билатералните добрососедски односи, знам дека има добри лични односи меѓу премиерите Бојкио Борисов и Зоран Заев и се надевам тоа ќе даде резултат. Новоизбраниот премиер ќе дискутира, но сите земји-членки треба да разберат дека не се договорија да се отворат пристапните преговори во последните осум-девет години, што доведе до познатиот развој на настани изминатите две години. Па, претпоставувам и се надевам дека ќе има промена на мислењето за ова и сега е на нас, европејците, да испорачаме нешто заедно со нашите колеги и пријатели во Скопје, заклучи Хан.

Претходно, на истата прес-конференцијакомесарот Хан не ја употреби целата референца за Македонија, туку само акронимот „ПЈРМ на неколку минути пред да ја пречека високата делегација на новата македонска Влада, предводена од премиерот Зоран Заев, а во која се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

- ПЈРМ, конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денес со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.

Освен со Јоханес Хан, високата делегација на македонската Влада, денеска во Брисел се среќава и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...