Промени во раководството на Македонски Телеком

  • Жарко Луковски , Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главниот оперативен директор на Македонски Телеком ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор заклучно со 30 јуни 2017
  • Назим Буши, досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком ќе ја извршува функцијата на Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком во временски период до 3 месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година

Жарко Луковски, Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор на 30 јуни 2017 година.

Луковски беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Под негово раководство беа реализирани проекти кои целосно ја сменија телекомуникациската индустрија во Македонија, особено во областа на развојот на мобилната технологија, како што е воведувањето на 3G и 4G мрежата за прв пат на пазарот. Работеше на развој на ИКТ бизнисот како што е проектот „паметен град“ и се залагаше за иновативни решенија како што е мобилното плаќање и воведуваше иновации во начинот на работа на компанијата.

Одигра важна улога во спојувањето на Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија, со што директно допринесе компанијата да ја задржи лидерската позиција на пазарот.

Одборот на директори на Македонски Телеком го назначи Назим Буши досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком да ја извршува функцијата на Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком за период до три месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...