ВМРО-ДПМНЕ: Изборот Арта Точи да биде заменик шеф на дипломатијата е скандалозен

Скопје, 15 јуни 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека изборот Арта Точи да биде избрана за заменик-министерка за надворешни работи е скандалозен и ризичен за државата.

Владимир Нелоски на прес-конференција рече дека оспорувањето на актуелните граници и мечтаењето по големи држави од страна на вакви државни функционери може да влијае на нарушувањето на односите на Република Македонија со соседите.

- Предложената Арта Точи е автор на трудот „Границите како мит“ во кој пишува околу конференцијата во Лондон одржана 1913 година каде е донесена одлука за формирање на албанското кралство. Според неа делови од Албанија не биле вградени во нејзините административни граници. Во трудот Точи нагласува дека на Балканот границите имале поинакво значење и димензии и додава дека во тие околности границите биле линија на отуѓување на еден јазик и еден народ со кои се создале приказни со многу болка и одделеност, посочи Нелоски.

Тој побара премиерот Зоран Заев да ја преиспита одлуката за назначување на Точи за заменик-министер за надворешни работи, а во спротивно, како што рече, ќе биде одговорен директно одговорен за сите скандали и пропусти кои би се случиле во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...