ВМРО-ДПМНЕ: Владата е глува и не ги слуша барањата на стружани

Скопје, 16 јуни 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми и посочува дека додека стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори, министрите само се среќаваат со разни амбасадори.

- СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, ја претвораат од бисер на Охридското Езеро во депонија. СДС и со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон Владата расте, бидејќи е се поочигледна негрижата на владата за граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ, се посочува, е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.

- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани. Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање на збор на пратеник, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...