Состанок за откуп на пченицата во Министерството за земјоделство

Скопје, 17 јуни 2017 (МИА) - Состанок за подготовки за откуп на пченицата од годинашната реколта ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

За откупот на пченицата од овогодишниот род министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе разговара со претставници на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија пред три дена информираше дека очекуваат значително помали приноси особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата дури и да нема жетва. Предложи државата преку Бирото за стокови резерви да откупи 50.000 тони од годинашниот род на пченица по 12 денари за килограм и да ги чува до ноември или декември годинава за кога очекуваат пораст на цената.

Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица родот изнесувал 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва 2015 година. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар. Просечната откупна цена на пченицата лани изнесуваше од 8 до 9 денари за килограм, а брашното чинеше 12 денари за килограм



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...