Комплетирани новите партиски органи на СДСМ

Скопје, 19 јуни 2017 (МИА) - Централниот одбор на СДСМ, синоќа ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.

Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ.

Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Мачневски и Фросина Ременски.

За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.

За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов,Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска. Во 16-члениот состав на Извршниот одбор, не само што се испочитувани статутарните одредби за застапеност на младите и жените, туку има поголем број од предвиденото, односно 6-мина млади и 7 жени.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во излагањето пред членовите на Централниот одбор истакна дека пред СДСМ како владејачка партија е уште поголемата одговорност уште попосветено и поодлучно да работи во интерес на граѓаните и на државните интереси.

- Сите заедно, и во земјава и надвор од неа, докажавме дека СДСМ е столбот на државата и на државноста. Да продолжиме да работиме одговорно за граѓанските и државните интереси, порача претседателот Заев, на синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...