Реафирмирана поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО

Рига, 19 јуни 2017 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, во рамките учеството на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, денеска имаше средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој Форум, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата беа разменети видувања за прашања поврзани со безедноста во регионот, борбата против тероризмот и сајбер-криминалот, како и потребата од стратегија за сајбер-одбрана.

Џафери информираше дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер-одбрана, со која ќе се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Тој ја истакна подготвеноста на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на Парламентарниот безбедносен форум во наредните години, со што ќе им се овозможи на парламентарците, претставниците на владите и експертите да разменат поблиски искуства во доменот на овие безбедносни предизвици.

Соговорниците споделија заемни уверувања дека билатералната соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД и натаму ќе се одвива на пријателски и конструктивен начин. Во овој контекст беше реафирмирана поддршката на САД на Република Македонија на планот на интеграцијата во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...